Италијанскиот гигант Јувентус може да го „украде“ Мемфис Депај пред носот на Барселона, пренесуваат италијанските медиуми.
Депај влезе во последната година од договорот и најверојатно во јануари ќе го напушти Лион со цел францускиот клуб да заработи на неговото заминувае.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона го сакаше Холанѓанецот уште во летниот преоден рок, но не успеа да се договори со Лион.
Сега францускиот клуб е спремен да го пушти Депај за само 5 милиони евра, па Јувентус сака да го искористи тоа.
Сега е многу веројатно Депај да ја прифати понудата на „старата дама“ бидејќи не се знае со сигурност дали Куман ќе биде на клупата на Барселона и следната сезона.