Дома Трансфер зона Јувентус се засили со тинејџер од Манчестер Сити

Јувентус се засили со тинејџер од Манчестер Сити

Младиот напаѓач на Манчестер Сити, Феликс Кореа кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

19-годишниот Португалец денес треба да пристигне во Италија на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на договорот со „старата дама“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Кореа е португалски репрезентативец на селекцијата до 19 години, а минатото лето од Спортинг Лисабон се пресели во Манчестер Сити и веднаш беше испратен на позајмица во АЗ Алкмаар.

Како дел од вториот тим на АЗ тој одигра 23 меча на кои постигна 3 гола и запиша 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Динамо Загреб се засилува со фудбалер кој ова лето го напушти Манчестер Јунајтед?

Со враќањето на Ненад Бјелица на клупата во Динамо Загреб се надеваат дека доаѓаат подобри…