Дома Фудбал Италија Јувентус потпиша богат спонзорски договор

Јувентус потпиша богат спонзорски договор

Јувентус договори продолжување на соработката со својот генерален спонзор, производителот на автомобили „Jeep“ и со тоа ќе ги зголеми приходите.

Имено, за нов тригодишен период на актуелниот италијански првак ќе му донесе приход од 135 милиони евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Jeep“ е сопственост на компанијата „Exor“, која како и фудбалскиот клуб Јувентус е под раководство на италијанското семејство Ањели.

„Новиот договор е потврда за двостраното задоволство од досегашната соработка меѓу „Jeep“ и Јувентус што започна во сезоната 2012/13, а новиот договор му гарантира на клубот годишен приход од 45 милиони евра“, соопштија од клубот.

Сумата, сепак, може да варира во зависност од постигнатите резултати на Јувентус, односно ќе има додатни бонуси во зависност од освоените трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси потроши 200 милиони евра, но не застанува: Мареска може да добие нов голгетер!

За четворица офанзивци, Гитенс, Делап, Естевао Вилијан и Жоао Педро, Челзи летово издвои р…