„Бјанконерите“ им порачаа на навивачите дека би требало да го заокружат 25 јули во своите календари.
Сигурно дека ништо што Јувентус ќе направи до крајот на летото нема да го надмине трансферот на Кристиано Роналдо но тоа не значи дека клубот од Торино ќе застане со активностите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај работењето на дополнително засилување на тимот, Јувентус со полна пареа работи и на маркетинг полето.
Имено, на официјалниот сајт на клубот е најавено дека онлајн преку интернет или од официјалните продавници на Јувентус од 25 јули ќе се најде нешто ново.
Јувентус на споменатата дата во продажба ќе пушти црно-бели кошаркарски дрес!
За оние кои помалку се упатени и ќе се запрашаат од каде ваквата идеја, доволно е да се каже дека се работи за глобален тренд кој го користат најголемите европски клубови.