Торински Јувентус повторно ќе започне постапка за да му се вратат двете одземени титули.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради познатиот скандал „Калчополи“ Јувентус остана без шампионските титули во 2005 и 2006 година. Титулата од 2005 година остана без сопственик додека таа во 2006 му се додели на Интер.
Меѓутоа во клуботн е се откажуваат од овие титули.
„Во текот на годините превземавме се да го заштитиме клубот. Чекаме одговор на жалбата која неодамна ја поднесовме до надлежните органи и клубот ќе направи се за да ни се вратат тие титули“, соопштено е од Јувентус.
Во ноември минатата година жалбата на Јувентус беше одбиена, баш како и обидот од јули минатата година пред Државниот суд. Инаку „Старата дама“ и без овие две титули е убедливо најтрофеен италијански тим со 36 освоени Скудета, но Јувентус сака таа бројка да биде и поголема.