Дома Фудбал Јово Лукиќ, роден во Шабац, херој на БиХ на Мундијалот: „Никого не го интересираше потеклото“

Јово Лукиќ, роден во Шабац, херој на БиХ на Мундијалот: „Никого не го интересираше потеклото“

Босна и Херцеговина го оствари историскиот пласман на Светското првенство 2026, откако во Зеница ја остави Италија разочарана, а потоа и на самиот Мундијал направи резултат вреден за паметење. Еден од најголемите херои на „Змејовите“ стана напаѓачот Јово Лукиќ – фудбалер роден во Шабац, Србија, за кого зборуваше целиот регион по неговиот гол против Канада.

Во мечот од првото коло во Торонто, Лукиќ во 21. минута со глава ја донесе предноста од 1:0, по корнер на Иван Башиќ и додавање на Сеад Колашинац. Канада во второто полувреме изедначи, а средбата заврши 1:1. За Лукиќ тоа беше прв официјален настап за репрезентацијата – пред Мундијалот имаше само три пријателски натпревари и не беше дел од ниту еден квалификациски меч. Освен голот, тој ги доби сите девет воздушни дуели, учинок каков што на Светско првенство не е забележан од 1966 година.

Сега за него зборуваше и Брано Јакубовиќ, фронтменот на групата „Дубиоза колектив“, која е позната и по песните снимени за фудбалската репрезентација на БиХ. Во интервју за австрискиот „Дер Стандард“, тој истакна дека етничкото потекло на стрелецот воопшто не било важно кога цела земја го славеше неговиот гол.

„Оваа приказна за Босна како земја на Бошњаци, Срби и Хрвати кои не можат да се договорат често се раскажува во странство. Мислам дека е премногу поедноставена. Луѓето одлично се разбираат во секојдневниот живот. На пример, на првиот натпревар од Светското првенство против Канада, Јово Лукиќ го постигна првиот гол за Босна. Ведран Мујагиќ и јас го гледавме мечот на јавно гледање во Сараево. По голот, луѓето лудо славеа и го скандираа името на стрелецот. Лукиќ е српско презиме, сите го знаат тоа. Луѓето воопшто не ги интересираше неговото етничко потекло“, изјави Јакубовиќ.

Австриските новинари го прашале и за тоа што Лукиќ пораснал во бањалучки Борац. „Не ни знаев дека играл за Борац од Бања Лука, бидејќи тоа ми е небитно“, одговорил музичарот, додавајќи дека и децата во Бања Лука денес на тренинзи носат дресови на репрезентацијата на БиХ.

Самиот Лукиќ по мечот со Канада призна дека го радува првиот гол, но дека повеќе би сакал победа. „Не би можел да посакам подобро мојот прв гол да биде на Светско првенство. Сепак, малку ми е жал што не победивме. Имав чувство како да играме во Босна и Херцеговина – ги слушав само нашите навивачи“, рече напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сан Хозе пред интензивен месец во борбата за плејоф

Сан Хозе Ертквејкс се подготвуваат за интензивен октомври со надежи за пласман во плејофот…