Раководството на Јувентус сака да се ослободи од Сами Кедира, кој не влегува во плановите на тренерот Андреа Пирло.
Германецот има договор со „старата дама“ до јуни 2021 година, па Јувентус исто како со Игуаин, сака спогодбено да го раскине договорот.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Бјанконерите“ му нудат на Кедира 3 милиони евра за предвремен раскин на договорот, но фудбалерот ја одбил таа понуда.
Кедира бара 6 милиони евра за да го напушти Јувентус, во спротивно е спремен да остане и да го одработи договорот до крај.
Коментари