Дома Фудбал Италија Јувентус изненади: „Старата дама“ ќе произведува пиво!

Јувентус изненади: „Старата дама“ ќе произведува пиво!

Додека се соочува со проблеми поради финансиските малверзации, италијански Јувентус најави новина, но и еден вид револуција кога се спортските клубови во прашање.

Имено, Јувентус најави дека ќе започне да произведува сопствено пиво кое на комерацијалниот пазар би се појавило кон крајот на април. На пазарот италијанскиот гигант би требало да излезе заедно со компанијата „25H Holading“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за компанија која ја раководи Мароканецот, Мулак Дрис Ел Фарија, роден во Италија. Овој човек стана посебно познат со лансирањето на пенливо вино во четири нијанси на флуросцентна боја. Таквиот потег за краток период му донесе вредност на неговата компанија од околу 10 милиони евра.

Навивачите веднаш почнаа и да се шегуваат на сметка на „старата дама“, велејќи дека Јувентус влегува во нов спор со УЕФА поради еден од главните спонзори на оваа организаицја. Имено, познато е дека „Хајнекен“ е еден од поддржувачите на УЕФА, па сега тие би можеле да добијат сериозна конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…