Дома Топ вести Јувентус и Милан ја сакаат ѕвездата на Салцбург

Јувентус и Милан ја сакаат ѕвездата на Салцбург

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари минатата година пристигна во Салцбург од Филаделфија.

Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, па се очекува наскоро да започнат преговори со италијанските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…