Италијанските гиганти Јувентус и Милан го сакаат Дони ван де Бек, кој не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер лигата, а на „Олд Трафорд“ пристигна за 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските клубови сакаат да го искористат незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А ова лето.
Поради слабата сезона цената на Холанѓанецот падна, па споменатите клубови се спремни да понудат 25 милиони евра. Ван де Бек исто така е отворен за преселба во Серија А и неговиот агент наскоро ќе има средва со двата клуба.