Јувентус и Барселона седнаа на преговарачка маса за два трансфери, пренесува „Мундо Депортиво“.
Весникот открива дека спортскиот директор на италијанскиот шампион Фабио Паратичи пристигнал денес во Барселона, за да преговара за трансфер на младиот Хуан Миранда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од друга страна пак каталонскиот клуб покажува сериозен интерес за дефанзивецот Даниеле Ругани.
Миранда има 19 години и игра на позицијата лев бек, меѓутоа се уште нема ниту еден настап за Барселона во Примера, иако дебитираше во Лигата на шампиони.
Ругани е на излезна врата од Јувентус после доаѓањето на Де Лихт и за него покрај Барселона, силен интерес покажува и Рома.