Иако на крајот на минатата сезона го продолжи договорот со Јувентус до 2020 година, Масимилијано Алегри би можел да ја промени средината наредната сезона.
Доминацијата во Италија не е доволна, Јувентус сака трофеј во Лигата на шампионите, а Алегри во три години на два пати играше во финалето, но и против Барселона во Берлин и против Реал Мадрид во Кардиф запиша порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За поголем дел тренер би било успех да се стигне до финалето од Лигата на шампионите. Да го направиш тоа два пати е одлично, но на крајот сепак поразот во финалето е она што се памети, а на Јувентус му е преку глава од изгубени финалиња.
Алегри не е харизматична личност која има посебен третман во медиумите, ниту пак им се умилкува на навивачите, па после секоја мала криза се зборува и за неговите можности. Едноставно, таков е неговиот живот од кога пристигна во Торино. Освојува трофеи, но константно се наоѓа под соменвања.
Сега, после победата во Лондон рејтингот на Алегри е во пораст, Јувентус повторно е на добар пат во Лигата на шампионите и Серија А.
Конте замина затоа што клубот не му ги обезбеди засилувањата кои ги посакуваше. Ниту на Алегри некои одлуки не му се допаднаа, а сега веројатно стекна доволно кредит да се слуша неговиот збор.
Колку на Јувентус му е важна Лигата на шампионите, на Алегри му е уште поважна после две изгубени финалиња. Тој сака тим кој рамноправно ќе им конкурира на Реал, Барселона, Баерн, премиерлигашите…Јувентус беше на чекор од елиминација од Тотенхем, па Италијанецот не сака да се доведува во таква ситуација.
Тоа значи дека клубот мора да послуша некои негови желби. Првата од нив е Сергеј Милинковиќ Савиќ на кого Алегри инсистира од минатото лето, но тука има и уште некои опции.
Во случај да не биде доволно испочитуван од страна на управата има и алтернативи. Неговото име се наоѓа на Пари Сен Жермен, Челзи, Арсенал, Баерн Минхен…Таму Алегри би добил поголема плата и веројатно поголемо влијание на трансфер политиката.