Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус има ново име на трансфер списокот за следната сезона, а тоа е бисерот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс.
Вилијамс игра одлично во дресот на баскискиот клуб, но ова ќе биде тешка мисија за „старата дама“ со оглед на фактот дека Билбао е клуб кој тешко ги продава своите фудбалери.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Ова талентирано момче е родено во Билбао и е идол на навивачите на тој клуб, а неодамна призна дека има понуди од неколку големи клубови шурум Европа.
Ливерпул, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити се само некои од клубовите кои го сакаат брзоногиот напаѓач, но Баскијците не сакаат да слушнат за негова продажба.
Вилијамс има договор со Билбао до 2021 година и многу висока откупна клаузуала па тешко е да се поверува дека некој од споменатите клубови е спремен да ја плати.