Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен натпревар, но не успеа да ја донесе победата на Денвер Нагетс, актуелниот шампион беше поразен од Орландо со 119:124.
Јокиќ на теренот помина 36 минути и постигна 30 поени, додавајќи 13 скока и 12 асистенции, а погоди и 12 од 18 шута. Трипати на противничката половина успеа дај а украде топката и да подели две блокади, единствената негатива е што загуби една топка.
Things get chippy between Jalen Suggs and Nikola Jokic late in the 4th quarter 👀🍿pic.twitter.com/nRc17Y00ux
— ClutchPoints (@ClutchPoints) November 23, 2023
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Учествуваше во 71 поен на Нагетс, но во еден момент ќе влезеше и во конфликт со Џејлен Сагс. Сагс се обидуваше да го испровоцира, меѓутоа Јокиќ не дозволи да биде малтретиран, додека топката беше на спротивната страна тој го фати кошаркарот на „магичните“ и го легна на земја.
За негова среќа, во оваа ситуација помиан без исклучлување.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Вашингтон 117-114, Орландо – Денвер 124-119, Атланта – Бруклин 147-145 (п), Бостон – Милвоки 119-116, Кливленд – Мајами 96-129, Индијана – Торонто 131-132, Хјустон – Мемфис 111-91, Минесота – Филаделфија 112-99, Њу Орлеанс – Сакраменто 117-112, Оклахома – Чикаго 116-102, Сан Антонио – ЛА Клиперс 102-109, Феникс – Голден Стејт 123-115, Портланд – Јута 121-105, ЛА Лејкерс – Далас 101-104.