Дома Останати Кошарка Јокиќ по историската вечер: Не знаев, важна ни беше само победата

Јокиќ по историската вечер: Не знаев, важна ни беше само победата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ минатата вечер испиша историја во НБА лигата и го постигна најбрзиот трипл-дабл во НБА лигата.

Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Милвоки (134:123). Србинот имаше учинок од 30 поени, 15 скокови и дури 17 асистенции.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Им благодарам на моите соиграчи. Одлично шутираа, пред се играа многу добро и на крајот го завршивме натпреварот онака како што посакувавме. Најважно е што победивме. Во голем стил влегуваме пред паузата за Ол-Стар викендот“, изјави Јокиќ по натпреварот.

Со трипл-даблот до кој стигна за само 14 минути и 33 секунди на паркетот тој го собори рекордот на Џими Такер од 17 минути од 1955 година. Тој на полувремето не ни знаел дека бил блиску до историја.

„Не незнав. Важна ми беше победата, успеавме да ги надиграме, одлични бевме во одбраната и како што кажав најважно беше да славиме“, додаде центарот на Денвер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…