Душан Влаховиќ поради повреда сигурно нема да игра против Милан во 13. коло од италијанската Серија А, објави тренерот на Јувентус, Тиаго Мота.
Српскиот стрелец се повреди на натпреварот од Лигата на нации против Данска и нема да го предводи нападот на „старите дами“ в сабота од 18 часот на Сан Сиро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тијаго Мота ја коментираше и изјавата на Влаховиќ дека како единствен шпиц во Јувентус премногу троши во одбраната и затоа му е полесно да игра за Србија.
„Верувам во сите мои играчи и знам дека ќе дадат се од себе и офанзивно и дефанзивно“, изјави Мота на прес-конференцијата.