Дома Фудбал Јунајтед и Челси прават голема размена, навивачите не се задоволни!

Јунајтед и Челси прават голема размена, навивачите не се задоволни!

Уште девет дена остануваат од трансфер-периодот на Островот, а сега пристигна информација дека ривалите договараат размена на двајца играчи.

Во претходните денови многу се пишуваше за заминувањето на Алехандро Гарначо од редовите на „Црвените ѓаволи“, како и на Кристофер Нкунку од редовите на „сините“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Аргентинецот не одговара баш на тактичките замисли на новиот тренер, Рубен Аморим. Гарначо по природа е класично крило, а португалскиот стратег игра со формација со две „десетки“, без вистински крила.

Откако дојде, го ставаше на повеќе позиции, токму на таа „десетка“, како и на позицијата на крилен бек, но тоа не одеше најдобро. Проблем кај Гарначо е и недостигот на дисциплина што го покажа во неколку наврати.

Како што пренесува реномираниот новинар на германскиот „Скај“, на повидок е размена на лутите ривали за овие два млади играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукас Пакета сака да го напушти Вест Хем, клубот бара 60 милиони за него

Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, сака да го напушти клубот за време на з…