Дома Останати Кошарка Јокиќ не може сам: Србинот им одржа лекција на колегите по поразот на Денвер

Јокиќ не може сам: Србинот им одржа лекција на колегите по поразот на Денвер

Никола Јокиќ го запиша 142. трипл-дабл во кариерата, но неговиот Денвер загуби од Кливленд со 135-142.

По натпреварот, најдобриот кошаркар во светот се обиде да објасни што се случува со екипата која пред две сезони беше шампион на НБА лигата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Мислам дека треба да започнеме да размислуваме што секој од нас може да направи за тимот да му помогне, а не што тимот може да направи да ми помогне мене. Дали е тоа поставување блокади? Дали е тоа ролинг? Дали е тоа додавање? Дали е тоа шутирање? Дали се тоа скокови? Дали е тоа одбрана? Мислам дека треба сè да се насочи во таа насока, не во оваа насока. Мислам дека тоа е изјавата на денот“, рече Јокиќ.

Тој додаде дека Денвер се на добро место на табелата на Западната конференција ако се земе предвид колку лошо играат.

„Мислам, како што играме, на добро место сме. Мислам дека не сме ни близу каде што треба да бидеме“, изјави Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Марковски добил отказ зашто не му дал на синот на газдата да игра цели натпревари!?

Легендарниот македонски кошаркарски тренер, Заре Марковски, неодамна ја заврши својата сор…