Дома Фудбал Останато Историски момент: Оваа фотографија настана пред 16 години – децата на неа заедно имаат десет олимписки медали!

Историски момент: Оваа фотографија настана пред 16 години – децата на неа заедно имаат десет олимписки медали!

Пред 16 години се појави фотографија која ќе остави траен белег на спортската историја на Словенија, и открива неверојатен талент што една фамилија го носи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Таа 2010 година, Горзад Кавчиќ ја направи фотографијата на фамилијата Превц, на која се наоѓаат 17-годишниот Петер, 13-годишниот Цене, 10-годишниот Домен и 4-годишната Ника.

Тогаш Петер едвај почнуваше да се натпреварува во Светскиот куп и заврши на 35. место, далеку од титулата најдобар ски-скокач во светот.

Во моментот на фотографирањето, неговите браќа Цене и Домен само што започнаа со ски-скокови, додека Ника сè уште немаше стапнато на скии..

Шеснаесет години подоцна, овие четворица заедно го носат сосема оправдано називот на една од најуспешните спортски фамилии, со вкупно десет олимписки медали. На тековните Игри во Милано и Кортина, фамилијата Превц освои пет медали, вклучувајќи три златни.

Петер Превц во својата колекција има злато од мешаното екипно натпреварување во Пекинг 2022, сребро од малата скокалница во Сочи 2014, и машкото екипно сребро 2022, како и бронза од големата скокалница 2014 година.

Ника Превц има златен медал од мешаното екипно натпреварување 2026, сребро од малата скокалница 2026, и бронза од големата скокалница истата година.

Домен Превц оваа година освои злато на мешаното екипно натпреварување и на големата скокалница, додека Цене Превц има сребрен медал од машкото екипно натпреварување во Пекинг 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ронда Раузи се врати и го победи својот идол за 15 секунди (ВИДЕО)

Ронда Раузи се врати во ММА по десет години и ја заврши кариерата на совршен начин. Легенд…