Дома Фудбал Арсенал постигна договор со Сака за нов договор

Арсенал постигна договор со Сака за нов договор

Букајо Сака потпиша нов петгодишен договор со Арсенал, известува „Би-Би-Си“. Според медиумот, крилото ќе добива околу 300 000 фунти неделно, што ќе го направи најплатениот фудбалер во клубот. Преговорите меѓу двете страни траеја речиси една година, при што Сака даде усна согласност уште во јануари.

Веста доаѓа во момент кога Арсенал сè уште се во трка за четири трофеи оваа сезона. Букајо е уште еден играч кој ја врзува својата иднина со „топџиите“. Летово нови долгорочни договори потпишаа Вилијам Салиба, Габриел Магалаеш, Итан Нуанери и Мајлс Луис-Скели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…