Дома Фудбал Бастони: Ќерката не знае што се случува, сопругата добила закани по живот

Бастони: Ќерката не знае што се случува, сопругата добила закани по живот

Интер во среда гостува кај Бодо Глимт во првиот меч од плеј-офот за осминафиналето на Лигата на шампионите, а предизвикот на европскиот дуел беше обележан со изјавата на Алесандро Бастони, кој призна дека го преценил падот на дербито против Јувентус.

Интер за викендот победи со 3:2 со гол во завршницата, а натпреварот беше одбележан со исклучување на Пјер Калулу после дуелот со Бастони. Одбранбениот играч на „нероазурите“ сега ја презеде одговорноста.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Осетив контакт со Калулу и преценив го падот за да измамам фаул. Морам да се извинам за реакцијата после тоа, затоа што не беше убаво за гледање. Ме понесе важноста и интензитетот на натпреварот”, изјави Бастони.

Тој истакна дека е навикнат на будното око на медиумите, но го погодија пораките што стигнаа до неговото семејство.

“Навикнат сум на критики и знам како да се носам со тоа, но ми е жал за мојата сопруга и ќерката, која не разбира што се случува. Мојата сопруга добиваше навреди, дури и закани по живот. Тоа е неприфатливо. Жал ми е и за судијата Федерико ла Пенја, кој се најде во слична ситуација”, додаде стоперот на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Испаѓање на Тотенхем ќе значи распродажба, а Шпанците се први во редот

Фудбалскиот клуб Тотенхем се наоѓа во најтешкиот период во својата модерна историја и му п…