Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен да чека шанса да стигне до првиот тим на „црвените ѓаволи“.
Тој сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а неговите агенти оствариле контакт со Њукасл и прашале дали го сакаат Ван де Бек на позајмица со крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
24-годишниот играч за врска откако пристигна од Ајакс само четири пати беше во стартниот состав во Премиер лигата и сака да се пресели во клуб каде што ќе има поголема минутажа.
Њукасл сега има богати сопственици и нема да има проблем да ја плаќа високата плата на Ван де Бек, притоа бара засилувања во борбата за опстанок.
Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти на позајмица во јануари, а покрај Њукасл како можна дестинација се споменува уште и Борусија Дортмунд.