Дома Македонски спорт Ѓорѓиев: Можеме да ја победиме Грција и да се пласираме на Европско првенство

Ѓорѓиев: Можеме да ја победиме Грција и да се пласираме на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација за пет дена ја очекува натпревар против Грција во кој може да го обезбеди и пласманот на Европското првенство.

Одбојкарите одиграа одлично во првото коло и славеа против Грузија, а сега пред нив е клучниот натпревар со Грција во кој ако славиме ќе обезбеди четврти настап во низа на Европско првенство.
Капитенот Никола Ѓорѓиев верува дека шансата националниот тим ќе ја искористи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Одлично ги стартувавме квалификациите. Никогаш досега во квалификациите, барем откако сум јас тука не сме имале така убедлив почеток со 3:0. Тоа сигурно не мотивра пред натпреварот Грција в недела. Сега следи меч против селекција која е на наше ниво. Ако одиграме дисциплинирано, посебно во блок одбрана и со добар сервис можеме да дојдеме до победа и да го оствариме сонот на оваа нова генерација одбојкари заедно со нас поискусните, да игра на ЕП“, изјави Ѓорѓиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…