На најновата ВТА ранг листа македонската тенисерка Лина Ѓорческа има подобар ранг за седум позиции и сега се наоѓа на 248.то место со 290 поени или седум повеќе од претходната недела.
Покрај Лина пласман во поединечна конкуренција има и Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1565.то место со 4 поени и има пад од две места.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во конкуренција на двојки Ѓорческа по триумфот на турнирот во Хешинген се наоѓа на 282.то место со 285 поени или има скок од 84 места.
Втората наша тенисерка со ранг е Александра Симева која се наоѓа на 1428.то место (пад за девет места) со 8 поени.
Ѓорческа оваа недела ќе настапува на фјучрс турнир во Осиек каде е рангирана како прва носителка.