Новак Ѓоковиќ ја осуди одлуката на Вимблдон да им забрани учество на руските и белоруските тенисери поради војната во Украина.




Вимблдон донесе таква одлука поради руската инвазија во Украина, но првиот рекет во светот смета дека ова е лудост и неспортска одлука, која ги прекршува сите правила на АТП и ВТА.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Никогаш нема да поддржам војна, затоа што и јас сум дете на војна. Знаеме какви последици остава тоа и ние на Балканот имавме многу војни, но оваа одлука на Вимблдон е лудост. Тенисерите и тенсерките немаат никаква врска со политиката. Доста е мешање на политика во спортот“, кажа Ѓоковиќ.