Пред неколку дена се појави информација дека на првиот гренслем турнир наредната година, Австралија опен кој ќе се игра во јануари ќе биде дозволен влез на само вакцинирани лица, а тоа крена голема прашина во јавноста.
Посебно се поставуваше прашањето за Новак Ѓоковиќ кој јавно зборува дека е против имунизацијата. Меѓутоа Американците пишуваат нешто поинакво, наводно Ѓоковиќ тајно се вакцнирал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како доказ дека го направил тоа без да знае јавноста тие ја приложуваат фотографијата на музичкиот фестивал „Самерстејџ“ во Њујорк. Ѓоковиќ присуствува на фестивалот, иако на фестивалот се дозволи само влез на вакцинирани лица.
Тука секако и можноста организаторот да направил исклучок за Ѓоковиќ, но ако се докаже такво нешто за него ќе следува голема парична казна.