Неодамна Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Австралија Опен и тоа беше негова осма на овој турнир со што постави рекорд во Мелбурн, освен тоа тој и се врати на врвот на АТП листата.
Во едно интервју Ѓоковиќ го опиша според него идеалниот тенисер. Новак дури во две категории го стави Рафаел Надал (најдобар форхенд и најдобар менталитет), а од друга страна не најде место за неговиот голем ривал и еден од најдобрите на сите времиња Рожер Федерер. Се одлучи за бекхендот за Гофан, сервисот на Кирјос, волејот на Николас Мау, физичката спремност на Монфис…Српскиот тенисер без скромност порача и дека го смета неговиот ритерн за најдобар во тенисот.