Новак Ѓоковиќ денес со пресврт стигна до освојувањето на Австралија Опен.
Ѓоковиќ ја освои 78. титула во кариерата и со што се доближи до Рафаел Надал кој има шест повеќе. Австралија Опен е турнирот на кој Ѓоковиќ има најголем успех, тука Србинот има учинок од 75 победи и осум порази, пред него е само Федерер со 102 победи и 15 порази.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со освојувањето на трофејот Ѓоковиќ стана и првиот тенисер со титули во три различни декади по Кен Роузвел. На Роузвел тоа му успеа во од 50-тите до 70-тите.
Ѓоковиќ го одбрани трофејот и со тоа стана 14. тенисер на кого му успеало тоа во Мелбурн. Новак стана и третиот тенисер со најмалку осум грен-слем титули на еден од најголемите турнири. Надал има 12 на Ролан Гарос, а Федерер осум на Вимблдон.