Дома Останати Тенис Ѓоковиќ против Тим во финалето на Австралија Опен

Ѓоковиќ против Тим во финалето на Австралија Опен

Австрискиот тенисер Доминик Тим се пласираше во финалето на Австралија Опен откако денес го победи Александер Зверев со 3:1 во сетови.

Иако Тим беше благ фаворит, Зверев сепак подобро влезе во мечот и го освои првиот сет. Беше 6:3 за Германецот кој направи дури три бејка, додека Тим еднаш му го одзема сервисот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во вториот сет Тим се рабуди и направи два брејка за да го добие сетот со 6:4. Третиот период донесе многу брејк топки, но само по еден брејк на двете страни. На крајот се играше тај-брејк каде што Тим беше подобар и победи со 7:3.

Исто сценарио беше видено и во четвртиот период само што овој пат немаше ниту еден брејк. Во тај-брејкот повторно подобар беше Тим, овој пат со 7:4

Тим во неделното финале ќе игра против Ѓоковиќ кој вчера го победи Федерер со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…