Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по пласманот во финалето со една изјава ги израдува Србите

Ѓоковиќ по пласманот во финалето со една изјава ги израдува Србите

Новак Ѓоковиќ вчера обезбеди ново финале на Вимблдон во кое против Карлос Алкараз ќе игра за својот 24 грен-слем трофеј во кариерата.

По победата против Јаник Синер, Ѓоковиќ ги израдува и сите во Србија потврдувајќи дека ќе игра на Дејвис Купот оваа година. Србија ќе игра во групата Б со Шпанија, Чешка и Јужна Кореја.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ќе играм оваа година и се радувам на тоа. Не играв минатата и ми беше криво бидејќи се надевав дека момците ќе ја поминат групата, па потоа да им се придружам во Малага. Но и групата минатата година беше тешка“.

„Се надевам дека ќе бидам здрав и во тој случај сигурно ќе стојам на располагање. Распоредот можеме е незгоден бидејќи се игра една недела после финалето на УС Опен, но му кажав на селекторот Виктор (Троицки) дека сум тука“, изјави Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон Ѓоковиќ ќе го игра утре во терминот од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…