Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на недели поминати на прво место на АТП листата.
Ѓоковиќ сега има за цел да ги надмине Рафаел Надал и Роџер Федерер кои имаат по две грен-слем титули повеќе од него.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Следен грен-слем на програмата е Ролан Гарос, а Новак не крие дека негов најголем проблем на тој турнир е Рафаел Надал.
„Имам проблем на Ролан Гарос и тој се вика Рафаел Надал. Но, ќе се обидам оваа година да дојдам до трофејот“, изјави Ѓоковиќ.
„Ако имате совет како да го победам, кажете ми. Морате да бидете физички и ментално подготвени за да го победите. Еднаш го направив тоа, но и често губев. Ова ми е најголемиот предизвик и ќе дадам сè од себе за да го победам“, додаде Србинот.