Дома Останати Тенис Ѓоковиќ искрено: Моето однесување не му се допаѓаше на Федерер

Ѓоковиќ искрено: Моето однесување не му се допаѓаше на Федерер

Новак Ѓоковиќ вчера одигра одличен меч на Австралија Опен во кој со 3:0 го победи Аргентинецот, Томас Мартин Ечвери.

По овој меч на прес-конференцијата покрај стандардните прашања околу мечот се зборуваше и за дел од минатото на Ѓоковиќ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од новинарите го запраша Ѓоковиќ дали смета дека со неговото однесување на почетокот на кариерата ги нервирал противниците. Српскиот тенисер не знае за други тенисери, но е сигурен дека однесувањето кое го имал не му се допаѓала на Роџер Федерер.

„Тоа е добро прашање. Знам сигурно дека моето однесување не му се допаѓаше на Федерер, за други не знам. Верувам дека не бев омилен кај некои од најдобрите тенисери во светот. Имав самодоверба и верував дека имам игра која може да ми донесе победи“, одговори Ѓоковиќ.

Во осминафиналето каде што ја брани титулата освоена минатата година, Ѓоковиќ ќе игра против Адријан Манарино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…