Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри каде што ќе игра против Кеи Нишикори.
Ѓоковиќ до сега на турнирот немаше посериозни проблеми со противниците, а и во борбата за полуфиналето ќе биде фаворит. Досега против Нишикори Ѓоковиќ одиграл 18 натпревари и има 16 победи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Нишикори последен пат го победи Ѓоковиќ пред седум години на УС Опен пред седум години, претходно го победи во Базел во 2011.
Од тогаш Ѓоковиќ доминира во меѓусебните дуели. Мечот помеѓу Ѓоковиќ и Нишикори на програмата е веќе утре.