Дома Останати Ѓоковиќ експресно во полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ експресно во полуфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го победи Давид Гофан со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Гофан прв направи брејк, во седмиот гем, но од тој момент Ѓоковиќ презеде иницијатива и беше надмоќен, па го доби првиот сет со 6:4.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вториот сет го освои лесно и убедливо без ниту еден загубен гем, а во третиот му дозволи два гема на противникот од Белгија.

Во полуфиналето Новак ќе игра против подобриот од дуелот Роберто Баутиста-Агут и Гвидо Пеља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Сабаленка проба хот-дог од 100 долари, нејзината реакција кажува сѐ (Видео)

Најдобрата тенисерка во светот, Арена Сабаленка, влезе во полуфиналето на ВТА 1.000 турнир…