Дома Останати Тенис Ѓоковиќ денес испиша историја во тенисот, вакво нешто не му успеало на никој!

Ѓоковиќ денес испиша историја во тенисот, вакво нешто не му успеало на никој!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испиша нова страница во тениската историја во мечот со Жереми Шарди.

Ѓоковиќ со 2:0 во сетови (6:3, 7:5) после еден час и 25 игра го победи Французинот Шарди и така ја продолжи импресивната низа во меѓусебните дуели.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Не само што денешниот триумф беше 12-ти на исто толку натпревари, туку и овој пат Ѓоковиќ го победи Шарди без изгубен сет.

Така Србинот го доби 28 сет во низа во дуелите со Жереми Шарди и стана првиот играч во историјата на тенисот кој во низа му одземал на еден противник 28 сетови.

Низата на Ѓоковиќ против Жарди започна пред скоро деценија на Австралија Опен во 2009 година кога Новак запиша победа од 3:0 (7:5, 6:1, 6:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…