Владата на сојузната држава Викторија во Австралија донесе закон дека сите професионални спортисти мора да се вакцинираат против вирусот, а оваа одлука може да влијае и на Новак Ѓоковиќ.
Според одлуката на Владата до 26 ноември, сите вработени треба да бидат вакцинирани, а меѓу нив се и професионалните спортисти. Останува да се види како Владата на сојузната држава ќе се однесува кон спортистите кои немаат постојан престој во Австралија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега тоа се однесува на локалните спортисти, но многумина шпекулираат дека тоа е најава за ригорозни мерки пред големиот тениски турнир. Доколку тоа се случи,т огаш сите тенисери кои сакаат да учествуваат на првиот гренслем-турнир следната сезона ќе мора до крајот на ноември да се вакцинираат.