Вчера Шкендија доживеа дебакл во реваншот против Мура и беше поразена со 5:0, така со вкупни 6:0 македонскиот шампион го заврши настапот во квалификациите од ЛШ и продолжува во квалификациите за Конференциската лига.
Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока по натпреварот испрати честитка до противникот и ја презема одговорноста за тешкиот пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„И честитам на Мура, тие се одличен тим со квалитетен тренер, заслужено одат во следната рунда. Комплетната одговорност за поразот ја преземам јас. На фудбалерите им кажав да ја крената главата затоа што ова не е крај, продолжуваме во Конференциската лига“.
Јан Кривак заработи со втор жолт картон заработи исклучување кон крајот на првото полувреме и Ѓока тој момент го гледа како еден од клучните.
„Додека бевме комплетни можеше да се забележи дека сме рамноправни иако примивме гол. Креиравме две добри шанси, а тој црвен картон го наруши целиот баланс на тимот“, смета Ѓока.