Дома Останати Тенис Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Maкедонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа со 2:0 во сетови ја совлада Грузијката Мариам Болквадѕе и така обезбеди место помеѓу најдобрите четири на турнирот во од В75 серијата во Марибор.

Откако вчера ја елиминираше Французинката Џесика Покет која беше четврта носителка и многу подобро рангирана од Ѓорческа, денес македонската претставничка влезе како фаворит против Грузијката.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Првиот сет Ѓорческа го доби со 7:5, додека во вториот заигра уште подобро и го освои со 6:3 за конечни 2:0.

За место во финалето Ѓорческа ќе се бори против победничката од средбата помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Женева

Додека сè уште се шпекулира зошто Новак Ѓоковиќ не игра во Рим, што престојот во Соединети…