Поранешната германска тенисерка со српско потекло Андреа Петковиќ, неодамна изјави дека Новак Ѓоковиќ во 2025 година ќе има приоритет само за два Грен слем турнири.
Андреа, која некогаш беше деветтата на светската ранг-листа, смета дека за Новак ќе бидат важни само Австралија опен и Вимблдон.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Мојата прогноза за Новак е дека нема да се грижи за ниту еден турнир освен за Австралија опен и Вимблдон. Ќе оди со сè што има во своето речиси 40-годишно тело. Ќе го ризикува сето за да освои еден од овие два турнири, ќе се обиде да дојде до 25. титула, а потоа ќе се повлече“, рече Андреа во подкастот кој го води поранешната тенисерка од Австралија, Рене Стабс.