Новак Ѓоковиќ зборуваше пред медиумите по победата над Јири Лехечка во четвртото коло на Австралија опен. Новак победи во три сета со 6:4, 6:3, 7:6 (7-4).
Почна така што модераторот најави дека Новак сака да им се обрати на новинарите пред почетокот на конференцијата.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Би сакал да ја објаснам причината зошто немаше интервјуа. Пред два дена славен спортски новинар, кој работи за официјалниот канал кој го пренесува Австралија опен, направи навредливи коментари наменети за мене и им се потсмеваше на навивачите. Оттогаш, тој не реши да се извини јавно, како и Канал 9. Одлучив затоа да не давам интервјуа за Канал 9. Немам ништо против Џим Куриер ниту против публиката. Не беше ни време ни место за тоа, оставам на Канал 9 да го решат на начин на кој мислат дека треба да се реши“, рече Ѓоковиќ.