Дома Останати Тенис Ѓоковиќ напредува на АТП-листата, Синер останува на врвот

Ѓоковиќ напредува на АТП-листата, Синер останува на врвот

Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место на најновата АТП листа и во моментов се наоѓа на шестата позиција, додека и понатаму прв е Италијанот Јаник Синер.

Италијанскиот тенисер ја одбрани титулата на Австралија опен, откако во неделата во финалето на првиот гренд слем турнир на сезоната го победи Германецот Александер Зверев со 6:3, 7:6 (7:4), 6:3.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Синер е прв на АТП листата со 11.830 бодови, додека Зверев е втор со 8.135. Шпанецот Карлос Алкараз го задржа третото место со 7.010 поени, додека Американецот Тејлор Фриц е четврти со 5.050.

Норвежанецот Каспер Руд напредуваше за едно место и сега е петти тенисер во светот со 4.160 бодови, додека зад него е Новак Ѓоковиќ со 3.900 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер преку Ѓоковиќ до финале на Ролан Гарос!

Синер победи со 3:0, по сетови 6:4, 7:5 и 7:6 (7:3) по три часа и 17 минути игра, а во нед…