Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го собори рекордот на Надал на Мастерсите

Ѓоковиќ го собори рекордот на Надал на Мастерсите

НОВАК ЃОКОВИЌ постигна рекордна 411. победа на натпреварите од серијата АТП Мастерс 1000 во неделата, кога на турнирот Мајами Опен го победи Камило Уго Карабелија и со тоа го надмина Шпанецот Рафаел Надал, со кого досега беше изедначен на врвот. Србинот на турнирот пристигна со 409 победи на Мастерс 1000 турнирите, само една помалку од неговиот долгогодишен ривал. Со две победи на Флорида го изедначи и потоа го собори рекордот.

411. победа на Ѓоковиќ доаѓа речиси 20 години по неговата прва победа на Мастерс 1000 турнир. Првата победа на тoа ниво на тениските турнири беше 2005 година во Париз, кога го совлада Виктор Ханеску.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Ѓоковиќ од тогаш освои рекордни 40 титули на Мастерс 1000 турнирите, а првата дојде токму во Мајами во 2007. Во 2018 година стана првиот и единствен играч што ги освои сите девет Мастерс 1000 турнири, а до 2020 победи на секој од нив најмалку двапати.

Најдобри соодноси на АТП Мастерс 1000 турнирите:

1. Новак Ѓоковиќ, 411-91, 40 титули
2. Рафаел Надал, 410-90, 36 титули
3. Роџер Федерер, 381-108, 28 титули
4. Енди Мареј, 230-101, 14 титули
5. Андре Агаси, 209-73, 17 титули

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Другите ги казнуваат со години, а Синер само три месеци

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за допинг скандалот на Јаник Синер порано оваа го…