Новак Ѓоковиќ одигра нов тежок меч на Австралијан опен и во второто коло мораше да помине на теренот минимум три часа, па во четири сета го победи Хаиме Фарија.
Ѓоковиќ по натпреварот, во кратките изјави на теренот, порача дека пред Португалецот е светла иднина, дека мораше да ја зголеми брзината помеѓу вториот и третиот сет, додека во меѓувреме одржа и официјална конференција за медиумите. Доби прашање дали е „за“ звучна опрема на тимот што е подолу на теренот:
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
„Сум за тоа да бидат тука, мислам дека е подобрување. Тие луѓе што се тука, тие се избрани од целиот тим. Многу сум среќен што моите четири луѓе седат тука. Можеби би променил нешто во иднина со микрофонот, но сега сум задоволен како е. Разбирам од аспект на навивачите, бидејќи би имало доста материјал, сигурен сум! Сепак, можеби противничкиот тим го гледа тој меч, праќа порака и тој дел не ми се допаѓа. Мора да постои некаква дискреција, да постои коучинг, но не да се открива нешто за време на натпреварот“, објасни Ѓоковиќ..
.