
НОВАК ЃОКОВИЌ ќе игра против 19-годишниот Чех Јакуб Менсик во финалето на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами.
Српскиот тенисер, кој за многумина е најдобар во историјата, ќе бара во тоа финале својата 100-та титула на АТП тур. Сто или повеќе титули досега во тениската Опен ера освоиле само двајца тенисери.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Американецот Џими Конорс ја предводи листата со 109, пред Швајцарецот Роџер Федерер, кој се пензионираше со 103 титули. Ѓоковиќ ќе се обиде до јубилејната бројка да стигне во мечот против 54-тиот тенисер во светот, кој во полуфиналето го совлада фаворизираниот Тејлор Фриц со 7:6(4), 4:6, 7:6(4).
Ѓоковиќ и Менсик досега се сретнале само еднаш на АТП. Тоа беше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, а Србинот славеше со 6:7(4), 6:1, 6:4.