Дома Останати Авто Мото Шумахер првпат по десет години се појавил во јавноста?

Шумахер првпат по десет години се појавил во јавноста?

Според последните информации на медиумите, Михаел Шумахер за првпат се појавил во јавноста и тоа на венчавката на неговата ќерка Џина.

Џина Шумахер правеше венчавка во саботата во семејната луксузна вила во Мајорка која семејството ја откупило од првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека присутните морале да ги предадат мобилните телефони пред влез во вилата со цел да не ги фотографираат приватните соби на семејството.

„Присуствувал ли Шумахер на венчавката во сабоата? Многу е веројатно. Но и да присуствувал сигурно не седел со останатите гости, туку бил во посебна просторија каде што дозвола за влез имале само најблиските“, пишува „Билд“.

Како што е познато, Шумахер е далеку од очите на јавноста по несреќата во која ја повреди главата пред десет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид. За отсуството …