Дома Моторспорт Поранешен менаџер на легендарниот Шумахер ограбен во вила – ова се деталите!

Поранешен менаџер на легендарниот Шумахер ограбен во вила – ова се деталите!

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер (83) беше ограбен во неговата вила во Штутгарт во вторникот навечер. Како што пренесува германскиот Билд, тој беше врзан во својот дом. Вебер го потврди ова за Билд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


– Имам модринка околу окото, полицијата е тука и разговара со мене. Се чувствувам ужасно. Во целосен шок сум – кратко изјави Вили Вебер.

Според пишувањето на Билд, Вебер бил во друштво на други луѓе. Едно лице успеало да ја информира полицијата околу еден час по кражбата. Неколку сефови во вилата биле отворени и испразнети.

Вили Вебер скоро беше сметан за дополнителен член на семејството Шумахер, со Михаел соработуваше до 2012 година, а работеше и со Ралф Шумахер, Нико Хулкенберг, Тимо Шајдер. Исто така, беше сопственик на А1 тимот во Германија во рамките на А1 Гран при.

Бизнисменот од Штутгарт започна како сопственик на ресторан, а потоа го разви својот бизнис во околината на Штутгарт. Од 1980-тите беше во автомобилскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хаос и лудница во Монако, Леклер се заби во ѕид – Антонели испиша историја!

Деветнаесетгодишниот Кими Антонели стигна до победа на Гран при на Монако во болидот на Ме…