Дома Македонски спорт Мак ракомет Штрајк на ракометарите во Металург: Нема тренинзи и натпревари, си ги бараат заостанатите плати

Штрајк на ракометарите во Металург: Нема тренинзи и натпревари, си ги бараат заостанатите плати

Кулминираше тешкиот период во редовите на Металург. Ракометарите во текот на вчерашнито ден го известиле раководството дека нема да тренираат и да играат натпревари додека не им бидат исплатени долговите.

Металург сезонава бележи лоши резултати и е далеку од борба за висок пласман, тимот се наоѓа на осмата позиција.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Денес добив известување дека играчите од првиот тим и стручниот штаб се повлекуваат од тренинзи и натпревари до исплата на обврските. Како Управа не ги поддржуваме овие мерки. Поаѓајќи од познатите премрежија во блиското минато на Клубот, сметаме дека ваквиот начин нема да смени ништо. Напротив, ќе донесе нови проблеми и уназадување на работата на индивидуален план кај играчите, кај Клубот како тим и колектив, а и на поширок план во Суперлигата, воопшто. Ние како управа апсолутно ќе ги почитуваме нивните Одлуки и ќе ставиме мораториум на сите дисциплински мерки, додека не се реализираат Договорите за исплата на средствата кои ги очекува Клубот. Воедно ќе ја известиме РФМ и останатите засегнати страни ( комисии) за новонастанатата состојба и ќе побараме мислење и реакција. Управата на клубот ќе продолжи да се бори во овие тешки услови и ќе го издржи налетот на проблемите и овој пат, ќе ги издржи и казните што произлегуваат од оваа ситуација. Тековната сезона, лошите резултати, во пакет со некои одлуки кои мораа да бидат донесени за да се преброди периодот на транзицијата се сеуште рецидив од сличната ваква состојба која донесе ненадоместлива штета на клубот. Но истакнуваме дека токму во транзиторниот период се вратија обврски на клубот кој се мерат со неколку стотици илјади евра, а се направи реструктурирање чии ефекти се очекувааат на крајот на оваа полусезона и почетокот на наредната календарска година. Управата на полусезона ќе се направи анализа и ќе се донесат некои одлуки за доброто на Клубот и создавање на здрава средина за младите играчи, како основна цел на постоењето“, соопшти претседателката Зорица Блажевска.

Фото: РК Металург

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…