Тешко дека селекторот Сампаоли може да му се спротистави на Меси, кој денес јавно му порача кој напаѓач „мора“ да биде повикан на Светското првенство.
Аргентина после турбулентните квалификации не е меѓу главните фаворити на Мундијалот, но Меси тврди дека мора да биде повикан најсилниот тим, а во него секако треба да има место за Игуаин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Игуаин мора да биде во тимот. Не можене без него да одиме на Светско првенство, станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Знам дека критиките го болат, и знам колку е спремен да даде за националниот дрес“, истакна Меси.
„Можеби тоа што не беше повикан на последните натпревари не беше лошо, само му го поткрена мотивот. Едноставно, Игуаин е дел од овој тим и мора да биде со нас“, јасен беше Меси.
Сампаоли на последните натпревари не го повика Икарди, но нема сомнеж дека ќе мора да го послуша Меси. Во нападот Агуеро е сигурен, па останува да видиме дали Икарди и Дибала ќе се најдат во авионот за Русија.