Дома Фудбал Лига на шампиони Што спремил Солскјер за вечерва? – Ваков Јунајтед тешко дека некогаш ќе гледаме повторно

Што спремил Солскјер за вечерва? – Ваков Јунајтед тешко дека некогаш ќе гледаме повторно

solskjer

Десетмина фудбалери на Манчестер Јунајтед се во аут, па поради тоа Оле Гунар Солскјер е во сериозни проблеми пред вечерашниот натпревар.

Манчестер Јунајтед вечерва пред себе има тешка мисија во Париз, не само поради резултатот кој го „брка“ 0:2, туку и поради тоа што Солскјер не може да смета на десет фудбалери.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Вечерва Норвежанецот не може да смета суспендираниот Погба и повредените: Матиќ, Ерера, Санчез, Лингард, Марсијал, Валенсија, Дармијан...

Што може Норвежанецот?

Тој против ривалот кој е единствениот клуб кој успеа да го победи откако е на клупата на Манчестер Јунајтед ќе игра со три бека во тимот. Имено, очекувањата на медиумите и оние подобро упатените со играчите на Манчестер Јунајтед се Далот да игра во средниот ред со Фред и Мектомини.

Младиот Переира ќе игра како офанзивен играч за врска зад Лукаку и Рашфорд, по страничните позиции ќе бидат Ешли Јанг (десно) и Лук Шо (лево).

Во срцето на одбраната пред Давид Де Геа, стоперскиот тандем ќе го формираат Линделоф и Бејли.

Ова е навистина „крпен“ состав на Манчестер Јунајтед и не веруваме дека овие играчи некогаш (освен во нова принудна ситуација) повторно ќе бидат заедно на теренот.

Поради ваквата ситуација поголемиот дел од фудбалскиот свет вечерва не му дава премногу шанси за пресврт на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инцидент во Тетово: Гачевски погоден во глава! 🎥

Пред крајот на натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово дојде до инцидент во кој од …