Дома Фудбал Што се случува со Бензема?

Што се случува со Бензема?

Карим Бензема ја освои „Златната топка“, но не може да се пофали со добра форма во текот на оваа сезона.

Французинот веќе беше на неколку недели пауза поради повреда на стартот од сезоната, а сега повторно не е на располагање на тренерот Карло Анчелоти. Иако се работи за полесна повреда, не е добро што ова му е трета ваква од почетокот на сезоната. Тој нема да игра во понеделник против Рајо Ваљекано и е под знак прашалник за дуелот со Кадиз во четврток.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интересно е што Бензема е без ниту еден гол во групната фаза од Лигата на шампионите, додека во Ла Лига постигна пет на седум одиграни натпревари. Не е исклучено да се „чува“ за Светското првенство во Катар каде Франција ја брани титулата светски првак, но секако загрижува тоа што повторно се повреди.

Покрај него гостувањето против тимот на Столе Димитриевски ќе го пропуштат Антонио Ридигер и суспендираниот Тони Крос. Натпреварот е закажан за понеделник во 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сè (Фото)

Бразилскиот напаѓач Ендрик оваа сезона не одигра ниту една минута за Реал Мадрид. Иако ода…